Трајановски: Вложувањата во општина Сарај продолжуваат и во иднина

Вложувањата во општина Сарај продолжуваат и во иднина, истакна градскиот татко Коце Трајановски на денешната трибина во Сарај, која е дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја”.

Тој посочи дека Градот Скопје обрнува големо внимание на Сарај. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во Скопје, односно со неговиот избор за градоначалник од нивните редови, почнуваат градбите во општина Сарај, а подолг период пред тоа немало скоро никакви градби.

Во 2009 година се направи патото Рашче – Копаница во должина од еден километар, втората година 2010 се направи патот од Крушопек до Лака, третата година направивме уште еден пат, сите по еден километар и четвртата година 2012 го направивме мостот Сарај, мост кој долги години беше рак рана на општина Сарај, мост кој претходни градоначалници не успејаа да го направат, ние го направивме со средства исклучиво од буџетот на Град Скопје- 97 милиони денари, истакна Трајановски.

Градоначалникот на Град Скопје најави дека вложувањата во општина Сарај продолжуваат и во иднина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.