Македонија

Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се гради Македонија

Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се гради Македонија

Денеска ВМРО-ДПМНЕ слави 26 години од формирањето. ВМРО е формирана 1893 година со една единствена цел за обединување и создавање на самостојна држава Република Македонија, а во поново време и за зачувување на државноста и обединување на македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ е формирана 1990 година и сметаме дека е нследник на историското ВМРО.

Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски за телевизијата Канал 5.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ воспоставивме и нови стандарди во работењето и политиката на Македонија, работиме за Македонија, а доказ за тоа се и големиот број на инфраструктурни проекти кои се направени во секој дел од државата, практично Македонија е препородена денеска, рече Трајановски.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој, покажа како треба да се гради Македонија и затоа во континуитет ја добива довербата од граѓаните.