Трајановски во посета на опожарените станови во Чаир

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити ги посетиле жителите на опожарените станови во општина Чаир.

-Според она што е во наша надлежност, ние имаме еднократна парична помош во максимална вредност од 50.000 денари. Исто така од ЈП Водовод и канализација ќе им бидат заменети, односно ставени нови водомери. Дел од водоводната мрежа ќе им биде санирана, а луѓето од ЈП Комунална хигиена помогнаа околу чистењето, истакна Трајановски.