Трајановски во посета на детското СОС село

Трајановски во посета на детското СОС село
Трајановски во посета на детското СОС село

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска го посети детското СОС село и имаше можност да поразговара и да се дружи со децата што се згрижени во ова село, како и да им подари пакетчиња и шпорет кој ќе го користи едно од семејствата во Детското село.

 Особено ме радува тоа што сум денеска тука во СОС детското село, по повод Новогодишните и Божиќните празници,  на празникот Василица, меѓу вас, деца, но и меѓу целиот стручен тим и СОС мајките кои безрезервно ви ја даваат својата љубов и мајчинска грижа, за заедно да си посакаме искрени желби во Новата 2016 година. Градот Скопје и натаму ќе дава поддршка на овој проект кој се покажа како многу успешен и како единствена можност  овие деца да се изведат на вистинскиот пат, да се вработ и да формираат сопствени семејстава. Ви пожакувам во Новата година да бидете среќни и весели и безгрижно да растете во слога и љубов, да се сакате и разбирате меѓу себе бидејќи тоа е привилегија која води кон успешна и светла иднина – им порача градоначалникот Трајановски на децата во СОС детското село.

Poseta SOS detsko selo (2)

Директорката на СОС детското село, Виолета Ѓорѓиева, истакна дека градоначалникот Трајановски веќе 10 години, односно уште од 2006 година, и како градоначалник на Општина Гази Баба, му помага на СОС детското село не само со финансиски сретства, туку и  во рамките на неговите надлежности го помага и дава поддршка на нивното работење и му врачи благодарница.

Poseta SOS detsko selo (4)