Трајчевски замина на проба во Лирс

Душко Трајчевски, 24-годишниот фудбалер од средниот ред на Работнички, од вчера е на проба во белгискиот прволигаш Лирс.

Според информациите кои пристигнуваат од Белгија, Трајчевски следниов период ќе тренира со првиот тим на Лирс, а доколку задоволи на пробата, се очекува во зимскиот преоден рок да биде испратена и официјална понуда до Работнички за неговите услуги.

Заедно со Трајчевски, во Лирс на проба ќе биде и српскиот фудбалер Душан Мичиќ од Напредок Крушевац.

фото: екипа.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.