Трајковски: Интензивно се работи на терен

Штетите се големи, меѓутоа интензивно се работи на терен и резултатите се видливи изјави градоначалникот Тони Трајковски на најпогодената општина од Скопското невреме, Гази Баба, во отвореното студио на ТВ Нова на тема „Поплави и санирање на последиците.

Тој зборуваше за реакцијата на институциите уште вечерта, како и последиците, но и справувањето со истите.

-Најзафатена од поплавите  беше Општина Гази Баба. Кога добивме дојава за невреме, заедно со градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски,  бевме на лице место и се работеше за голема количина на водена маса што подоцна експертите ја нарекоа „водна бомба“, а она што е карактеристично за неа е тоа што таа имаше голема разорна моќ. Пристигнав на терен и веднаш ги алармирав надлежните, имаше поддршка од сите институции. Благодарение на времената реакција, институциите веднаш дојдоа на лице место, но и граѓаните меѓусебе си помогнаа, раскажа Трајковски.

Градоначалникот додаде дека најнеопходно било да се укаже помош  уште вечерта,  а лично посведочил како 14 екипи на брзата помош пристигнале веднаш, а како што рече, некаде во 22 часот пристигнале и багерите на терен и веднаш започнале со расчистување.

-Првиот кризен штаб го одржавме на последна 45-ка и со тоа помогнавме на голем број граѓани. Лично можев да видам како каналите беа затрупани со возила, кал и разни предмети,  се сеќава Трајковски.

Штетата беше намелена и поради два фактори, вели Трајковски, поради стајковско езеро, каде беше акумулирана голема количина на надојдена вода, како и порди набавените агрегати, кои овозможуваат пумпите да работата кога нема струја.

-Уште еден факт е тоа дека Гази Баба 7 години по ред прави субвенција за одводнување. 3,8 милиони денари годишно одделува Гази Баба за оваа наемена.  6 дена пред невремето главниот канал во Сингелиќ беше исчистен, со свои очи видов дека таму има разни предмети и автомобили и затоа имаше застој за време на поплавите, вели Трајковски.

Активностите на терен продолжуваат, Трајковски апелираше до граѓаните  да не доаѓаат во општината за да ги пријавуваат штетите.

-Повеќе од 40 комисии се на терен работата и прават проценка на штета. Кога граѓаните не се тука, повторно комисиите ќе се вратат и ќе може после да ги пријават локациите и комисиите да ги посетат. Има повеќе комисии, за проценка на имот, автомобили, земјоделски култури и угината стока. Верувам дека за следни дена комисиите ќе ја завршат работата, вели Трајковски.

Апелираше граѓаните да не фрлаат веќе смет во училиштето „25 мај“, бидејќи денеска е завршено со чистење на сметот, ќе се направи дезинфекција, со градежи активности ќе ја вратиме во првобитна состојба. Општина Гази Баба ќе го изгради мултифункционланото игралиште.