Трајковски најави нови проекти и инвестиции во општина Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски на денешната прес конференција направи ретроспектива на проектите кои се реализираа во 2016, година која е успешна во делот на реализација на проектите, но и година која ќе биде запаметена по големата елементарна непогода.

Во 2016 година се работеше на изградба на патната и комуналната инфраструктура со акцент на санација и реконструкција во населените места кои беа зафатени со поплавата и ги потенцираше следните реализирани проекти:

  • Во соработка со Владата на РМ и Град Скопје се направи комплетна санација и асфалтирање на 55 улици во должина од 18 км,
  • Се продолжи со изградба на фекалните канализации во Ченто, Трубарево, Хиподром 2 а се започна изградбата на фекалната канализација во н.м Јурумлери,
  • Се изгради атмосферска канализација во Триангла,
  • Се продолжи со изградбата на водоводните мрежи во населените места Раштак, Булачани, Јурумлери, Хиподром 2, но и комплетно се санираа по невремето водоводните мрежи во Брњарци и Страчинци,
  • За санација на сите основни училишта беа инвестирани 24 милиони денари,
  • Се работеше на санација и реконструкција на градинките, комплетно се замени кровот во објектот Темјанушка, се направи  доизградба и адаптација на 2 нови  простории во објектот  Сонце  а во соработка со СОС Детското село комплетно се реконструира ресурсниот центар за за подршка на децата и родителите од социјалните семејства,
  • Се отпочна со изградба на нов културен дом во населбата Автокоманда кој интензивно се гради и очекуваме кон крајот на летото да биде пуштен во употреба,
  • Се изгради плоштадот во н. Маџари,
  • Се изградија и реконструираа спортски и детски  игралишта  во н.Автокоманда, во н. Ченто, н. Керамидница, н.Хиподром, н. Триангла и во населените места Стајковци, Инџиково, Булачани и Сингелиќ,
  • Се работеше и на изградба на пешачки патеки и паркинзи низ населените места на општина Гази Баба.

Исто така, се планираат да се реализираат во 2017 година голем број на капитални проекти:

Во делот на патната и комуналната инфраструктура :

  • Во соработка со Владата на РМ и Град Скопје ќе се продолжи со асфалтирање и санација на улиците во местата кои беа погодени со елементарната непогода во населените места Инџиково, Ченто, Сингелиќ, Брњарци, Стајковци, Виниче, Црешево, Булачани, Смилковци. Планирано е асфалтирање и на 72 улици.
  • Ќе се асфалтираат улици и во населбите Кирил Петрушевски, Маџари, Керамидница и н.м Идризово.
  • Ќе се продолжи со изградба на паркинг простори во населбите Железара, Автокоманда, Триангла и Ченто.
  • Во соработка со Владата планирано е да се започне со изградба на ново ОУ „Вера Јоциќ“ во н. Хиподром и изградба на нова детска градинка во н.м Стајковци,
  • Ќе се продолжи со изградбата на фекалните канализации во н.м Трубарево, Јурумлери, Црешево, а ќе се започне и со изградба на фекалната канализација во н.м Гоце Делчев, Смилковци и Колонија.
  • Со изградба на водоводна мрежа ќе се продолжи и во Булачани, Раштак, Брњарци  како и подобрување на водоснабдувањето во Железара а во соработка со Град Скопје ќе се работи на подобрување на водоснабдувањето во н.Ченто.
  • Во соработка со Град Скопје и понатаму ќе се работи на изградбата на комунална и патна инфраструктура во новата населба Хиподром 2 каде планирана е и изградба на директен влез и излез од булеварот во оваа населба како и влез и излез кон населеното место Инџиково.

Додека пак во областа на заштита на животната средина и комуналната чистота согласно Стратегијата за Локалниот еколошки акционен план планирани се повеќе  активности:

  • садење на садници и нови зелени површини во урбаните населби
  • Агрохемиска анализа на земјоделските површини
  • Се планира да се набави едно мултифункционално возило за чистење и миење на улиците и собирање на листови од дрвјата.
  • Во соработка со Град Скопје се планира засадување на дрвја по трасите на булеварите и улиците како и пошумување на паркот на природата Гази Баба.
  • Се работи на поставување подземни контејнери на три локации Во Ченто, Триангла и Хиподром во соработка со Град Скопје и Комунална хигиена.
  • Ќе се продолжи со пошумување на Скопска Црна Гора и во појасот покрај обиколницата
  • И оваа година се планира да се ангажираат 45 сезонски работници за одржување на хигиената во населените места и набавка на дополнителна механизација за јавното претпријатие.

Во делот на енергетската ефикасност која директно влијае на заштитата на животната средина во тек е замена на котлите во ОУ „Дане Крапчев“ од греење на нафта на греење на котел со пелети, а следниот период планирана е ваква замена со вградување на котли на пелети и во училиштето „25 Мај“ во н.м Сингелиќ и во градинката Искра во н.Ченто.

  • Планирани се санации и реконструкции во основните училишта и градинките со посебен акцент на санација на училиштето во н.м Страчинци и објектот Искра која е дел од ЈУДГ „25 Мај“ во Ченто како и проширување на капацитетите на градинките со отварање на нови простории за згрижување на дополнителен број на деца.

Исто така, обезбедени се средства за кофинансирање на граѓаните во делот на санацијата на кровните конструкции, фасадите и лифтовите во колективните згради а исто така се донесе и одлука за субвенционирање на граѓаните од руралните подрачја во делот на нивната обврска за надоместок за одводнување на земјоделските површини. И оваа година во соработка со ЈП Водостопанство Скопско поле продолжуваме со тековното одржување на каналската мрежа каде планирано е да биде опфатена каналска мрежа во должина од 20 км.

Во делот на привлекувањето на инвестициите градоначалникот најави дека неколку инвеститори планираат да инвестираат во градби од типот на станбено деловни комплекси  на локацијата помеѓу Супер Тинекс и салонот на Мерцедес, на локацијата кај старата Млекара во н. Маџари и во новата населба Хиподром 2.

Продажбата на локации за изградба на куќи во населбата Хиподром 2 ќе продолжи и во 2017 години, а по усвојување на планот ќе се отпочне и со продажба на локации за куќи во н.м Трубарево. Ќе започнеме и со продажба на парцели за индустриски објекти,  магацини и логистика во новата индустриска зона покрај обиколницата. А исто така во најава имаме и неколку инвестиции во комплексот на фабриката Железара и Металски завод Тито.

Со реализирање на овие инвестиции очекуваме и отварање на нови работни места.

Во областа на спортот ќе се продолжи со изградбата на спортските капацитети, а во соработка со Агенцијата за млади и спорт планирано е изградба на мултифункционално игралиште во дворот на ОУ „Његош“, изградба на мултифункционално игралиште во Хиподром 2, а ќе се направи и копмлетна санација  на игралиштето во Брњарци, Триангла, Колонија, Смилковци и Сингелиќ. Планирани се средства и за подршка на училишниот спорт како и поддршка на спортските клубови и спортисти.

Ова се само дел од планираните проекти со кои општина Гази Баба ќе стане поубаво и поквалитетно место за живеење и препознатливо место за инвестирање во нови капацитети кои ќе отворат и нови работни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.