Трајковски: Ново училиште, спортска сала, проширување на улици во Хиподром

Продолжуваме со изградбата на основното училиште „Вера Јоциќ“ кое следната година треба да биде пуштено во употреба, најави од Хиподром градоначалникот на општина Гази Баба и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за истата функција, Тони Трајковски.

-Потоа следува втората фаза, изградба на новата училишна спортска сала, а во самиот училишен двор ќе се изгради и повеќенаменско спортско игралиште. Ќе продолжиме и со проектот поддршка на колективните згради во делот на санација, реконструкција на кровови, фасади и лифтови, а исто така ќе го започнеме и проектот за поддршка за проширување на топловодното греење во колективните згради, односно субвенционирање на потстаниците и поддршка во изградбата на вертикалите и внатрешните инсталации, истакна Трајковски.

Кандидатот за градоначалник Трајковски вети дека ќе продолжи и со уредување на просторот пред секоја зграда, со зголемување на зеленилото и засадување на нови дрвја, а во делот на комуналната хигиена ќе продолжи поставувањето на подземните контејнери.

-Во постапка сме веќе на набавка на две комунални возила со кои што ќе се врши миење и метење на улиците и верувам дека со ова ќе ја зголемиме хигиената. Ќе продолжи реконструкцијата на сите улици во оваа населба, изградба на тротоарите, а многу значаен проект за населбата Хиподрпом е проширување на улицата „Благоја Стефковски“. Ќе започнеме со правење на влез од автопатот кон оваа населба се со цел за полесен сообраќаен пристап и излез и влез од оваа населба, истакна тој.

Трајковски потенцира дека во следните 4 години ќе продолжи и проектот во новата населба Хиподром 2 каде ќе продолжи и обезбедувањето на локации кои ќе им бидат понудени на граѓаните  за откуп со почетна цена од едно евро за метар квадратен.

-Со овие проекти ќе направиме населбата Хиподром да биде подобро и попријатно место за живеење на нашите сограѓани. Затоа ве повикувам на 29-ти  масовно да излезете, да го заокружите бројот 13 за да можеме заеднички овие проекти да ги реализираме на дело, порача Трајковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.