Трајковски: Ова е уште една можност да го докажеме законското работење, досега имаме 35 одлуки во наша полза

Градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Тони Трајковски, во средата присуствуваше на јавната седница на Апелациониот суд, за како што рече, уште еднаш да ги кажеме нашите аргументи, нашите докази и нашите факти со кои ќе го докажеме нашето законско постапување во случајот „Космос“ кој го води Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

„Досега во изминатиот период имавме вакви или слични постапки во управните судови, вишиот Управен суд, Апелациониот суд, Основниот суд Скопје 1, Основниот Скопје суд 2, Врховниот суд, Уставниот суд. Во сите тие постапки со преку 35 одлуки и решенија од овие судови беше претходно докажана законитоста и законското постапување на мене како градоначалник и вработените во општина Гази Баба“, истакна Трајковски.

Истакан дека денешната седница претставува уште една можност тие да го докажат законското постапување, зашто како што вели, неоспорен е фактот дека законски сме постапувале не само покрај овие судски пресуди, туку и самиот инвеститор тоа го знае, бил свесен и свесно пристапил кон ивршување на кривичното дело, изградба на една таква дивоградба. Трајковски посочи дека тоа го потврдува во дописите кои самиот инвеститор ги доставил до општината.

„Верувам дека како што веќе напоменав во уште една постапка ќе се покаже и ќе се докаже на нашето законско постапување“, рече градоначалникот на Гази Баба.

Во Апелациониот суд се разгледува жалбата на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Како обвинет во случајот „ТНТ“ за него Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 определи мерки на претпазливост, наместо притворот кој го бараше СЈО. Првостепениот суд оценил дека и со поблага мерка ќе се обезбеди неговото присуство.

Жалба има од СЈО во која се наведува дека постои потреба од притвор поради наводна опасност од бегство. Висината на казната која му се заканува и честите патувања во странство се околности кои можат да доведат до бегство, сметаат СЈО.

И Трајковски поднесе жалба на првостепеното решение односно на одземен пасош. Неговата одбрана тврди дека соработувал со СЈО во текот на целата постапка.

Често патувал заради летен или зимски одмор и тоа не е причина за одбегнување на постапката, тврдат неговите адвокати. Пред апелационите судии обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски рече дека првостепеното решение во однос на мерките определени нема да се постигнат целите, односно обезбедување на обвинетиот. Бубевски рече само со притвор ќе се постигне присуство на Трајковски.

Му се стават на товар две кривични дела за кои му се заканува затвор од најмалку пет години и тоа е опасност од бегство, сметаат во  СЈО. Трајковски примил три покани од СЈО и не се одѕвал на нив, тврдеше обвинителот Бубевски и додаде дека со оглед дека градоначалничкиот мандат му истекува, единствена ефективна мерка е притворот.

Адвокатот на Трајковски, Боро Тасев, пред апелационите судии, но и обраќајки се на присутните новинари, рече дека во сите постапки во рамки на сите обвинителства не се почитуваат правата на обвинетите.

„Во постапката пред првостепениот суд, а и денеска од СЈО, не слушнавме за основано сомнение за сторено кривично дело од страна на обвинетиот. Докази воопшто не се понудени“, рече Тасев наведувајќи дека и при определување и на мерките за обезбедување не докажано сомневањето дека сторил кривично дело.

„Никакви основи за сторено кривично дело од страна на Тони Трајковски не постојат и тоа одбраната ќе го докаже во натамошната постапка. Нема законски мерки за определување на било која мерка а најмалку за притвор“, рече адвокатот Тасев.

Другиот адвокат Димитар Данов, рече дека и меѓународната практика е судот иако го разгледува само притворот, сепак, треба да се интересира и околу списите и доказите во целиот предмет.

Тони Трајковски пре судиите во Апелациониот суд рече дека немал намера и не дал мотив дека ќе ја попречува судската постапка или да биде во бегство.

„Покажав дека работам согласно законите затоа и ја добив поддршката од граѓаните“, рече Трајковски и додаде дека во случајот со објектот „Космос“, тој и вработените постапиле согласно законските одредби и оти во истражната постапка навремено ја обезбедил бараната документација.

Во Апелациониот суд се разгледува жалбата на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски. Како обвинет во случајот „ТНТ“ за него Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 определи мерки на претпазливост, наместо притворот кој го бараше СЈО. Првостепениот суд оценил дека и со поблага мерка ќе се обезбеди неговото присуство.

Жалба има од СЈО во која се наведува дека постои потреба од притвор поради наводна опасност од бегство. Висината на казната која му се заканува и честите патувања во странство се околности кои можат да доведат до бегство, сметаат СЈО.

И Трајковски поднесе жалба на првостепеното решение односно на одземен пасош. Неговата одбрана тврди дека соработувал со СЈО во текот на целата постапка.

Често патувал заради летен или зимски одмор и тоа не е причина за одбегнување на постапката, тврдат неговите адвокати. Пред апелационите судии обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски рече дека првостепеното решение во однос на мерките определени нема да се постигнат целите, односно обезбедување на обвинетиот. Бубевски рече само со притвор ќе се постигне присуство на Трајковски.

Му се стават на товар две кривични дела за кои му се заканува затвор од минимум пет години и тоа е опасност од бегство, смета СЈО. Трајковски примил три покани од СЈО и не се одзвал, наведе Бубевски и додаде дека со оглед дека градоначалничкиот мандат му истекува, единствена ефективна мерка е притворот.

Адвокатот на Трајковски, Боро Тасев, пред апелационите судии, но и обраќајки се на присутните новинари рече дека во сите постапки во рамки на сите обвинителства не се почитуваат правата на обвинетите.

„Во постапката пред првостепениот суд а и денеска од СЈО, не слушнавме за основано сомнение за сторено кривично дело од страна на обвинетиот. Докази воопшто не се понудени“, рече Тасев наведувајќи дека и при определување и на мерките за обезбедување не докажано сомневањето дека сторил кривично дело.

„Никакви основи за сторено кривично дело од страна на Тони Трајковски не постојат и тоа одбраната ќе го докаже во натамошната постапка. Нема законски мерки за определување на било која мерка а најмалку за притвор“, рече адвокатот Тасев.

Другиот адвокат Димитар Данов, рече дека и меѓународната практика е судот иако го разгледува само притворот, сепак, треба да се интересира и околу списите и доказите во целиот предмет.

Тони Трајковски пре судиите во Апелациониот суд рече дека немал намера и не дал мотив дека ќе ја попречува судската постапка или да биде во бегство.

„Покажав дека работам согласно законите затоа и ја добив поддршката од граѓаните“, рече Трајковски и додаде дека во случајот со објектот „Космос“, тој и вработените постапиле согласно законските одредби и оти во истражната постапка навремено ја обезбедил бараната документација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.