Трајковски: Патната инфраструктура ќе ја подобриме во секоја населба

Изминативе четири години се асфалтираа повеќе од 40км улици, а се тампонираа повеќе од 60 км улици, пишува на својот Фејсбук профил актуелниот и кандидат за градоначалник за Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски.

-За следните четири години за секое населено место и секоја населба имаме план за подобрување на патната инфраструктура. Ќе направиме реконструкција на постоечките улици и ќе продолжиме со асфалтирање на улиците кои не се асфалтирани. За решавање на проблемот со сообраќајот на влезот во Автокоманда во соработка со Град Скопје ќе се направи проширување на булеварот Александар Македонски, како и влез и излез кон насeлбите Хиподром и Инџиково. За зголемена проточност на возилата во нашата општина кон Општината Аеродром, во соработка со Град Скопје планираме изградба на мост кој ќе ја поврзе населбата Керамидница со општина Аеродром. Ќе продолжиме со изградба и на паркинг простор за возилата во н.Железара, Автокоманда, Триангла, Хиподром и Ченто, вели Трајковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.