Трајковски: Поофанзивен стил против Катар

Фудбалерот на белгискиот прволигаш Зулте Варегем, Александар Трајковски, одигра одлично на како последен играч за врска на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Камерун, но таква парија најавува и денеска кога противник на нашиот национален тим е селекцијата на Катар.

“Мојата улога во репрезентацијата сега е нешто поразлична отколку во клубот, но се надевам дека ќе бидам еднакво добар и ќе го дадам својот придонес, ќе се трудам да го исполнам тоа што селекторот го бара од мене. Ни треба добро отворање против Катар, против Камерун повеќе бевме фокусирани на дефанзивата, сега веројатно ќе биде различно, треба ние да наметнеме поофанзивен стил, да вршиме пресинг во сите фази и се надевам дека ќе успееме”, изјави Трајковски за официјалниот сајт на Фудбалската федерација на Македонија.