Економија

Трајковски: Растот на БДП се рефлектираше и врз наплатата на даноци

Трајковски: Растот на БДП се рефлектираше и врз наплатата на даноци

Растот на бруто домашниот производ се рефлектираше и врз наплатата на даноци, рече денеска директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски.

Тој нагласи дека годинава која што изминува може да се оцени како успешна година и кога станува збор за наплатата на даноци.

„Имаме некаде околу 94 проценти реализација на предвидената наплата на ДДВ и не можам со гаранција да кажам дека во целост ќе ја реализираме буџетската проекција. Кај останатите даноци, кај данокот на добивка е реализирана буџетската проекција, а персоналецот со оваа динамика ќе биде реализиран“, рече Трајковски одговарајќи на новинарско прашање.