вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Трајковски: СЈО презентираше повеќе политика отколку факти и аргументи

Градоначалникот потенцира дека иако ја добиле целата доказна документација, СЈО не објавило ниту еден доказ од она што го добило.

Трајковски: СЈО презентираше повеќе политика отколку факти и аргументи

Трајковски: СЈО презентираше повеќе политика отколку факти и аргументи

Последни вести

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денес беше во Основен суд  и даде изјава за случајот кој го отвори СЈО, поврзан со рушењето на Космос.

Во студиото на ТВ Нова тој рече дека  ова е уште една убава можност да ја докажат законотитоста на постапката при рушењето на објектот кој Фијат Цановски го градеше спротивно на дозволата за градба.

-Не е прв пат во судска постапка да се докажува овој случај. Досега имаме 20-тина судски пресуди. 9 од Управен суд, 9 потврдени од Вишиот управен суд, една судска пресуда од Уставниот суд и една од Врховниот суд. Во таа законска постапка беше докажано дека сме постапиле согласно законот, рече градоначалникот.

Тој вели дека жали што СЈО презентираше повеќе политика отколку факти и аргументи.

Трајковски истакна дека општина Гази Баба во цела постапка при прибавување на документи од СЈО биле конструктивни. СЈО ја добило целата документација која ја побарало од општината, а ќе добијат и уште ако е потребно. Градоначалникот потенцира дека иако ја добиле целата доказна документација, СЈО не објавило ниту еден доказ од она што го добило.

Телевизија НОВА во денешното отворено студио ги поканило Фијат Цановски и Мирослав Грчев, но двајцата одбиле да се соочат со градоначалникот Трајковски.

Најчитани вести