Трајковски: Во следните четири години Гази Баба ќе добие нови училишта и две нови училишни спортски сали

Како и досега, така и во следните четири години ќе инвестираме во подобрување на условите за непречено одвивање на воспитно – образовниот и наставниот процес во оновните училишта во Гази Баба, ова преку својот Фејсбук статус го најави кандидатот за градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски.

„Оваа година зпочнавме со изградба на ново ОУ „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром, кое ќе започне со работа на 1-ви септември 2018 година. Во н. Ченто ќе се гради ново основно училиште „Крсте Мисирков“, а во сите основни училишта ќе направиме набавка на современи нагледни средства. Ќе изградиме две училишни спортски сали – во ОУ „Вера Јоциќ“ Хиподром и во ОУ „Кирил и Методиј“ Стјковци. Ќе настојуваме во сите училишта да го докомплетираме педагошко–психолошкиот тим со вработуваање на дефектолози и психолози.

Во сите основни училишта ќе обезбедиме услови за продолжен престој на учениците“, потенцира Трајковски.