петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 59

Трајковски: Законитоста на постапката за уривање на Космос се докажа во судски пресуди

Верувам дека ова е уште една можност да ја докажеме нашата законитост и да докажеме дека инвеститорот го прекршил законот, затоа што треба еднаш да се стави крај на сите малверзации со градењето, рече Трајковски.

Трајковски: Законитоста на постапката за уривање на Космос се докажа во неколку судски пресуди

Трајковски: Законитоста на постапката за уривање на Космос се докажа во неколку судски пресуди

Последни вести

Нашата постапка е потврдена со дваесетина судски постапки, рече градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Тони Трајковски, кој беше на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје во случајот „ТНТ“.

Трајковски рече дека законитоста на постапката за уривање се докажала во неколку судски пресуди досега.

„И јас како градоначалник, и вработените во Општина Гази Баба работевме законски. Нашата постапка беше потврдена и со дваесет судски пресуди. Верувам дека ова е уште една можност да ја докажеме нашата законитост и да докажеме дека инвеститорот го прекршил законот, затоа што треба еднаш да се стави крај на сите малверзации со градењето. Јас ќе потсетам дека инвеститорот не постапил согласно законот, тој имал цел да направи поголема финансиска полза за себе“, рече Трајковски.

Најчитани вести