Трактор паднал во дол, возачот починал

трактор

Од полицијата информираат дека И.К. изгубил контрола над тракторот кој го управувал и паднал во дол длабок околу 4 метри по што починал на лице место.

Јавен обвинител во присуство на полициски екипи извршил увид, по чија наредба телото е предадено на семејството на погреб.