Трактор прегази старец во гостиварско Градец

Загинал откако му се превртел тракторот

Деведесет и двегодишниот Рефик А. од гостиварското село Градец починал откако вчера бил прегзаен со трактор.

Тој бил прегазен од трактор „Њу Оланд“ без таблички, управуван од седумдесет и шестгодишниот В.Х., додека ја преминувал улицата.

Веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар, каде лекарите констатирале смрт.