Трактор прегази жена

Несреќа во која жена е тешко повредена се случила вчера во 09.30 часот на локалниот пат с.Требеништа-с.Ливоишта.

Имено, како што информираат од МВР, Р.Ј.(67) од с.Требеништа, со живеалиште во САД, управувајќи трактор „ИМТ“, изгубила контрола над тракторот и тој почнал да се движи наназад.

-Во тој момент сопатничката В.М. (62) од с.Требеништа, со живеалиште во Австралија, паднала од тракторот и со задното тркало тракторот поминал преку неа. Во незгодата, В.М.се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во болницата „Св.Еразмо“, но поради сериозноста на повредите била префрлена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.