Трактор усмрти 6-годишно девојче во Неготино

Трактор  усмрти 6-годишно девојче во Неготино. Девојчето синоќа починало во велешката болница откако беше повредено од трактор за фрлање смет, пренесува телевизија „Алфа“.

Според информациите од истрагата малата Миа Ј. вчера околу 18, 00 часот додека си играла со други деца во дворот била притисната од дел од трактор за фрлање смет и се здобила со тешки телесни повреди.

Девојчето било префрлено во велешката болница, но лекарите не успеале да и го спасат животот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.