Тракторист загина во сообраќајка во Кумановско

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, трактористот А.Д. (45) од здобиените повреди починал на местото на несреќата. Смртта ја констатирал лекар од Општа болница Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, а со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.