среда, 16 август 2017  |  Вести денес: 47

Тракторист загина во железничка несреќа

traktor-1

Последни вести

Седумдесет и тригодишен жител на селото Камењане загинал како последица на тешка сообраќајна несреќа што околу 18 часот се случила на нерегуларен железнички премин кај ова тетовско село. Првичните  информации за несреќата ги соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, до несреќата дошло откако возот што сообраќал на релација Скопје – Кичево број 662 удрил во трактор со приколка што го управувал сега починатиот жител на Камењане, кој ја поминувал пругата на дивиот железнички премин враќајќи се од работа на нива, пишува МИА.

При ударот, приколката биле фрлена на една страна, а тракторот на друга. Трактористот добил тешки телесни повреди од кои починал на самото место. Екипата на Брзата помош која пристигнала на местото на несреќата само ја констатирала неговата смрт.

Увид на местото врши јавен обвинител, а истрагата треба да ги утврди причините и околностите на оваа тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.

Најчитани вести