Свет

Трамп: Ако се повлече Кејсик автоматски ќе победам

Трамп: Ако се повлече Кејсик автоматски ќе победам

Фаворитот за претседателски кандидат на републиканците на претстојните избори во САД, Доналд Трамп се обидува од трката за Белата куќа да го исфрли ривалот Џон Кејсик, тврдејќи дека тој не треба да собира нови гласови од делегатите бидејќи номинацијата од партијата му е далеку.

– Да го нема Кејсик, јас автоматски би победил, истакна Трамп во синоќешното обраќање пред своите приврзаници во градот Вест Елис во Висконсин.

Тој изјави дека е неправедно Кејсик, кој победи на внатрепартиските избори само во својата матична држава Охајо, каде е е гувернер, да продолжи понатаму со кампањата.

Американскиот милијардер предлага Кејсик да тргне по стапките на поранешните претенденти за номинација на Републиканската партија за претседател – Марк Руби и Џеб Буш, и да се повлече од трката.