Трамп: Америка веќе нема да урива влади, започнува ера на мир

САД ќе престанат со обидите да уриваат влади ширум светот и ќе соработува со други земји кои се борат против тероризмот, порача новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во текот на својата „турнеја на благодарност“. Трамп ветил почеток на нова ера и мир.

Тој нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја што е заинтересирана да ја уништи таканаречената Исламска држава.

Новоизбраниот претседател вети дека „ќе ги излечи длабоките рани на Америка“ наведувајќи дека земјата нема друг избор туку да се обедини и да ја отфрли нетрпеливоста.

-Ние сме мошне поделена нација, но нема да бидеме поделени уште долго. Ќе изнајдеме заеднички јазик и ќе постапиме како што треба. Осудуваме нетрпеливост и предрасуди во секаков облик и отфрламе јазик на исклученост и поделби, рекол Трамп пред повеќе илјади поддржувачи во арената во Синсинати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.