Трамп бара истрага за инфилтрирањето на FBI во неговата кампања

Американскиот претседател Доналд Трамп побара во неделата да се спроведе истрга за можното инфилтрирање на агентите на Федералното биро за истраги (FBI) во неговата предизборна кампања, за што изјавуваше последните неколку дена но сѐ уште без да понуди конкретни докази.

„Барам од овде, а утре тоа и официјално ќе го сторам, министерството за правосудство да испита дали FBI од политички причини се исфрлил или на надгледувал кампањата на Трамп“, објави американскиот претседател на Twitter од сојузната држава Минесота, барајќи да се испита дали „таквите барања ги изнеле луѓето од администрацијата на (претходниот претседател Барак) Обама“.

Доналд Трамп, кој жестоко ја критикува истрагата на специјалниот државен обвинител Роберт Мјулер за наводното руско договарање со неговиот штаб во текот на кампањата за претседателските избори од ноември 2016 година нарекувајќи ја „лов на вештерки“, последните неколку дена тврди дека FBI бил инфилтриран во неговата кампања од политички причини.

Изданието Intercept претходно објави дека тајниот информатор на FBI во истрагата за случајот „врски со Русија“ во врска со членови на изборниот штаб на Трамп бил поранешниот агент на Централната разузнавачка агенција (CIA), Стефан Халпер. Ваквиот заклучок бил извлечен врз основа на анализата на претходно објавени материјали во американските медиуми за овој таен информатор, чиешто име по барање на FBI не беше откриено.

Весникот The New York Times, повикувајќи се на информирани изви ори, објави дека информаторот бил поранешен припадник на администрацијата, кој предава во Велика Британија, познат во Вашингтон, како и дека и порано бил извор на информации за CIA. Според написот, по барање на FBI информаторот се среќавал со соработниците во штабот на Трамп, Јоргос Пападопулост и Картер Пејџ, но во рамките на истрагата за нивната можна поврзаност со Русија. Весникот истакна дека тајниот информатор е „американски граѓанин, кој предава во Британија“. Весникот The Washington Post, исто така, објави сличен напис.

Повеќе пратеници на Демократската партија ги обвинуваат Белата куќи и Републиканската партија дека всушност сакаат да го дестабилизираат специјалниот државен обвинител Роберт Мјулер кој цела година води истрага за наводниот таен договор на Москва и изборната кампања на претседателот Доналд Трамп кој ја победи нивната кандидатка Хилари Клинтон.

Мјулер подигна обвиненија против руски државјани и компании поради нивната улога во наводна кампања на дезинформирање на социјалните мрежи во 2016 година која требала да ги зголеми шансите на Трамп за победа, како што толкуваат демократите. Меѓутоа, досега нема објавено никакви докази за тврдењето на американскиот специјален државен обвинител.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.