Трамп: Бенон нема ништо со мене, го загубил разумот

стив бенон

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во средата дека неговиот близок соработник во претседателската кампања Стив Бенон и поранешен главен стратег во Белата куќа, Стив Бенон, го „загубил разумот“, откако овој ултрадесничар го критикуваше синот на претседателот Доналд Трамп Џуниор и неговиот зет Џаред Кушнер поради „предавнички“ со Руси во Њујорк во текот на кампањата.

„Стив Бенон нема ништо со мене, ниту со моето претседателство. Кога е сменет, не само што ја загуби работата, туку го загуби и разумот. Стив не ја претставува мојата база, тој е тука само поради самиот себеси“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува агенцијата Reuters.

Трамп вели дека Бенон не е заслужен за неговата победа на претседателските избори во ноември 2016 година и дека е виновен за губењето на сенаторското место во сојузната држава Алабама коешто Републиканската партија ги имаше повеќе до 30 години.

„Стив се прави дека е во војна со медиумите коишто ги нарекува опозициска партија, а го минуваше времето во Белата куќа пуштајќи лажни информации во медиумите за да се покаже поважен отколку што беше. Тоа е единствената работа којашто добро ја работи“, додава американскиот претседател.

 

Што кажа Бенон

Стив Бенон го нарече состанокот на синот на Трамп и некои од главните луѓе во неговата кампања со Група во јуни 2016 година „предавничка“ и „непатриотска“, се покажува од фрагментите на книгата за коишто претходно пишуваше британскиот весник The Guardian, а на увид во средата ја имал и Reuters.

Бенон во разговорот со авторот Мајкл Волф предупредил дека истрагата за наводниот дослух на кампањата на Трамп со Крем ќе се фокусира на перење пари. „Ќе го скршат Дон јуниор како јајце на националната телевизија“, рекол Бенон според британскиот весник.

Бенон тврди дека останал запрепастен од средбата во „Кулата Трамп“ во Њујорк на којашто руската адвокатка, којашто веќе сведочеше за американските медиуми, наводно им понудила инкриминирачки информации за активности во Русија на луѓе од тимот и самата претседателска кандидатка на Демократската партија, поранешната државна секретарка и прва дама Хилари Клинтон, се наведува во книгата „Fire and Fury: Inside the Trump White House“ (Оган и бес: Внатре во Белата куќа на Трамп) на авторот Мајкл Волф.

Волф, инаку новинар на Hollywood Reporter, книгата ја напишал врз основа на повеќе од 200 интервјуа и разговори со претседателот, неговите најблиски соработници и членови на администрацијата, а во којашто ги опишува внатрешните борби во Белата куќа, дури и тоа дека некои од најблиските соработници на Трамп изразуваа презир кон него.

Стив Бенон беше шеф на кампањата на Трамо во последните три месеца, а потоа и главен стратег во Белата куќа седум месеци, додека не доби отказ и се врати во својот ултрадесничарски сајт Breitbart News.

Тој особено остро го критикуваше Трамп поради средбата од јуни 2016 година, на којашто според него освен претседателот, присуствувале и неговиот син Доналд Трамп помладиот, зетот и советник Џаред Кушнер, тогашниот шеф на кампањата Пол Манафорт и руската адвокатка Наталиај Веселницкаја, којашто е одржана во Кулата Трамп во Њујорк. Сите тие сведочеа дека состанокот бил договорен со посредство на деловни луѓе, а Веселницкаја којашто престојуваше годинава во САД изјави дека никогаш не работела со руската влада, како што била претставена, ниту поседувала некакви инкриминирачки материјали за Клинтон, туку дека била застапничка во случаи на посвоени руски деца во САД, околу што Вашингтон и Москва имаа недоразбирања во минатото.

 

Сведоштвото на Бенон

Отпуштениот функционер во Белата куќа наведува во материјалот дека синот на Трамп се појавил на состанокот откако посредниците му ветиле „инкриминирачки материјал“ против Хилари Клинтон

„Три високи функционери во кампањата мислеа дека би била добра идеја да се сретнат со странска вала во Кулата Трамп во собата за конференции на 25-то кат – без адвокат“ Дури и да мислеле дека тоа не е предавство, ниту непатриотско, ниту некакво лошо с..ње, а јас мислам дека тоа токму било сето тоа, требало веднаш да го повикаат FBI“, навел Бенон и додал дека таков состанок требало да се одвива во присуство на адвокат, а информациите од средбата да се објават во медиумите.

Бенон кому му беше врачен отказ во август, стана шеф на кампањата по средбата во Кулата Трамп. Медиумите го опишуваат како главен стратег на Белата куќа во текот на осумте турбулентни првите осум месеци од претседателството, крајно десен архитект на победата на Трамп и главен поттикнувач на националните и антиглобализациски аспекти на политиката на Трамп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.