Трамп: Будали се сите кои се против добри односи со Русија

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ги осуди сите што се против добрите односи со Русија, нарекувајќи ги „глупави луѓе и будали“.

„Добрите односи со Русија се добра, а не лоша работа. Само глупавите луѓе или будалите мислат дека тоа е лошо“, напиша Трамп на Твитер.

Трамп за односите со Русија напиша повеќе твитови, во кои истакнува дека ќе соработува со Москва со цел да се решат „некои од многуте горливи проблеми и прашања со кои се соочува светот“.