Трамп ѝ честиташе на Меркел на изборната победа

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ честитал телефонски во четвртокот на германската канцеларка Ангела Меркел, четири дена по нејзината јасна по победата на парламентарните избири.

Германската канцелака Ангела Меркел, којашто влегува во рекордниот четвртиот мандат последните месеци јасно ги изразуваше разликите во ставовите по мнгу ббилатерални и меѓународни прашања во однос на американкиот претседател Доналд Трамп.

Трамп во честитката ја нагласил „длабоката поврзаност“ меѓу Вашингтон и Верлин како и „американскиот ангажман кон цврстиот и стар сојуз со германската влада и народ“.

Нуклеарниот дооворо со Иран потпишан во 2015 година меѓу Техеран и шесте светски сили, меѓу кои и САД и Германија, кој Трамп навестува дека може да го доведе во прашање, е дел од започнатите теми меѓу Берлин и Вашингтон.

Двајцата челници во телефонскиот разговор ја истакнале важност од постигнување „мирна денуклеаризација на корејскиот полиостров“.

Пред една седмица германската канцеларка изрази „јасно несогласување“ со американскиот претседател по ова прашање. Пред Генералното собрание на ОН Трамп се закани со „целосно уништување“ на Северна Кореја. „Им се спритуставвуам на таквите закани“, реагираше отворено Меркел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.