Трамп: Далеку сме од ставање крај на севернокорејската нуклеарна криза

Донал Трамп, 1 долар годишно

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предупреди дека севернокорејската криза е далеку од својот крај. Ваквата изјава следува еден ден откако Пјонгјанг соопшти дека ги запира сите нуклеарни и ракетни проби.

Далеку сме од ставање крај на севернокорејската криза, можеби работите ќе функционираат, а можеби и нема, времето ќе покаже, напиша Трамп на Твитер.

Тој додава дека тоа што сега се случува требало многу одамна да се направи.  Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун е предвидено во мај или јуни да се сретне со Трамп.

 

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе му однесе еколошки пригоден подарок на неговиот американски колега следната недела кога ќе допатува во САД. „Асошиејтед прес“ наведува дека тој ќе му подари на Доналд Трамп садница даб.

Елисејската палата соопштила дека Макрон се надева дека дрвото ќе биде насадено во Белата куќа.

Макрон, кој утре ќе пристигне во Вашингтон, ќе биде прв државник кој ќе престојува во државна посета на САД од почетокот на мандатот на Трамп. Тој е прв претседател на САД во последните речиси 100 години чија прва година од мандатот завршува, а нема примено ниту еден странски лидер во државна посета, за време на посетата ќе доминираат темите за Сирија, Северна Кореја, како и договорот за иранската нуклеарна програма и трговскиот спор ЕУ-САД.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.