Трамп директно го прашал Путин дали е вистина дека Русија се мешала во американските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп директно го прашал рускиот претседател Владимир Путин дали се вистините тврдењата за наводното руско мешање во ланските претседателски избори, пренесува агенцијата РИА во неделата ден по средбата на двајцата челници во Виетнам

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му верува на рускиот колега по должност Владимир Путин откако му одговорил дека мешање во американските претседателски избори немало, и покрај тоа што американските разузнавачки агенции го тврдат спротивното. Москва повеќепати досега, како што и во Виетнам на прес-конференцијата истакна Путин, тврди дека Вашингтон не дал никакви докази за таквите тврдења, како и дека „антируската хистерија“ во американската престолнина е одраз на тамошните внатрешнополитички борби и измислици на опонентите на Трамп.

Трамп подоцна откако неколку наврати му беше поставено од новинарите истото прашање, се обиде да се дистанцира од таквата изјава, но повтори дека неколкупати му го поставил прашањето на Путин, како и дека рускиот челник инсистирал дека немало мешање и оти се чинело дека е лут поради тоа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во неделата детално опишал за новинарите како текла комуникацијата за оваа тема меѓу двајцата претседатели кои учествуваа на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во виетнамското летувалиште Дананаг.

„Всушност, Трамп праша дали е возможно информацијата да е вистинита, колку може да биде вистинита, а претседателот Путин го објасни својот став кој гласе дека Русија никога не се мешала во ниедни избори, па така ниту во тие“американските, рекол Песков.

Путин, исто така, рекол дена не може да разбере „како за тоа прашање во Соединетите држави се даваат неосновани изјави“, додал портпаролот на Кремљ.

Наводните руски влијанија на американските претседателски избори од ноември 2016 година ја засени целосно првата година од мандатот на Трамп.

Коментарите на Трамп во саботата предизвикаа критики во САД, имајќи предвид дека американското разузнавање упорно тврди дека Русија се мешала во изборите со хакирањето и објавувањето на компромитирачките електронски писма со цел да ѝ се наштети на противкандидатката од Демократската партија, Хилари Клинтон. Оттаму Трамп беше попретпазлив во неделата и рече дека е со разузнавачките агенции.

Но забележливо е што при оваа тема не се посветува внимание на изјавата на организацијата WikiLeaks, која ги објавуваше споменатите компромитирачки материјали кои доведоа до серија оставки во Националниот демократски комитет, дека фајловите не ги добила од извори кои се поврзани на кој и да е начин со Москва.