Трамп допатува во Јапонија и ја вети американската решителност (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп ја засили во неделата својата реторика против Северна Кореја откако допатува во Јапонија, на почетокот од неговите дванаесетдневна азиска турнеја, изјавувајќи дека САД и нивните сојузници се подготвени да ја бранат слободата и дека „нејзиниот диктатор“ не би требало да ја потценува американската решителност.

„Ниеден диктатор, ниеден режим, ниедна нација не никогаш не би требало да ја потценат американската решителност“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред стотина јапонски и американски војници во воздухопловната база Јокота, западно од јапонската престолнина Токио.

Претседателскиот авион „Air Force One“ слета во Јокота по осумчасовниот лет од Хаваи. Пред атерирањето, Трамп на новинарите кои ја следат неговата маратонска азиско-пацифичка турнеја им рекол дека очекува оти ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во текот на својата турнеја.

Трамп ќе патува во виетнамски Да Нанг каде што ќе биде учесник на средбата на врвот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), а потоа и во филипинската престолнина Манила на вториот регионален самит, овој на Сојузот на земји од југоисточна Азија (ASEAN). На двата регионални самита ќе биде присутен и рускиот претседател Владимир Путин, што ја зголемува можноста од разговори со Трамп на маргините од собирите.

„Мислам дека е очекувано да се сретнеме со Путин. Ја посакуваме помошта на Путин во врска со Северна Кореја“, рекол Трамп.

Претседателот Трамп разговарал со американските војници во базата Јокота и ветил дека ќе осигури војската да ги има неопходните ресурси за одржување на мирот и одбрана на слободата.

„Јапонија е драгоцен партнер и клучен сојузник на Соединетите држави“, истакна Трамп.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјавил за новинарите пред средбата со Трамо во голф клуб дека сака „врските меѓу Јапонија и САД да бидат уште посилни“, како и да се темелат на заемна доверба.

По партијата голф и ручекот со Абе во недела, Трамп во понеделник ќе одржи официјални разговори со јапонскиот премиер во Токио, а пред тоа него и сопругата Меланија ќе ги прими царот Акихито во својата палата.

Посетата на Трамп на Јапонија доаѓа во време на засилени тензии со Северна Кореја околу нејзината нуклеарна програма и зачестените тестирања на балистичките ракети. Ова ќе биде најдолгата турнеја по Азија на еден американски претседател уште од 1991 година.

Во Токио се мобилизирани 21.000 полициски службеник, кои ќе се грижат за безбедноста во и околу престолнината во текот на посетата на американскиот претседател.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.