понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 5

Трамп: „Екстра данок„ за американските компании што го селат бизнисот во странство

tramp

Последни вести

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со казнување на американските компании што ќе го преселат својот бизнис некаде во странство.

„Ние ќе ги намалиме даноците и ќе ја олесниме регулацијата за бизнисот, но секој што својот бизнис ќе го пресели од САД во странство, градејќи таму фабрики или погони, за да ги продава тие производи на домашниот пазар, греши доколку мисли дека тоа нема да помине без никакви последици„, напиша Трамп на Твитер.

Американските медиуми пренесуваат дека бил посочен примерот на корпорацијата „Рекснорд“, која најави дека дел од својот бизнис, еден погон од сојузната држава Индијана ќе го пресели во Мексико. Затворањето на погонот во Индијана би предизвикало затворање на 300 работни места во САД.

Новоизбраниот претседател вели дека вакви примери има многу низ САД, но дека тоа „ сега ќе биде запрено“.

Правни експерти и бизнисмени објаснуваат дека ваквите најави нема лесно да поминат, затоа што Трамп и неговата администрација ќе се соочат со правни предизвици и дека тоа не ќе може едноставно да се изведе.

– Казнувањето на бизнисот со „екстра данок“ би донело прекршување на повеќе сегашни закони и прописи, па тоа не може да профункционира без согласност на Конгресот, изјавиле за американските медиуми правни експерти.

Најчитани вести