недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 52

Трамп: Ерата на компјутерите носи многу неволји

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изрази жалење за неволјите кои доаѓаат во ерата на компјутерите.

ерата

Поврзани вести

Мислам дека треба да продолжиме натаму со животот, гласеше неговиот одговор на новинарско прашање околу наводите за „руското хакирање“ на изборите во САД, дообјснувајќи дека „компјутерите значително го искомплицирале животот на луѓето“.

Цело компјутерско доба доведе до тоа – никој да не знае што точно се случува. Ја имаме брзината и многу други работи, но не сум сигурен дали имаме безбедност каква што ни е потребна, рече Трамп.

Се очекува Администрацијата на американскиот претседател во заминување Барак Обама денеска да објави низа мерки против Москва, по обвинувањата дека руските служби ја хакирале интернет страницата на американските демократи непосредно пред претседателските избори во САД.

Најчитани вести