Трамп фрустриран оти Турција не го ослободува Бренсон

Претседателот на САД, Доналд Трамп е фрустриран поради тоа што Турција не го ослободила американскиот свештеник, Ендрју Бренсон, кој е притворен веќе две години, изјавија од Белата куќа.

Претседателот чувствува голема фрустрација поради фактот дека свештеникот Бренсон не е ослободен, како и поради тоа што другите американски државјани и дипломати не се ослободени, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Американскиот свештеник Ендрју Бренсон, кого го чека судењето во Турција под обвинение за тероризам, повторно поднесе жалба до турскиот суд барајќи ослободување од домашен притвор и укинување на забраната за патување. Судот неодамна го ослободи Бренсон од притвор, но му одреди притвор во домашни услови.

Бренсон е обвинет за поддршка на обидот за државен удар во Турција организиран од исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е во САД и соборување од власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган пред две години, што тој го негираше.