Трамп ги избра „јастребот“ Болтон за нов советник за национална безбедност

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно во четвртокот го протресе својот надворешнополитички тим, заменувајќи го Херберт Рејмонд Мекмастер како советник за национална безбедност со Џон Болтон, кого го сметаат за „јастреб“ кој заговараше употреба на воена сила против Северна Кореја и Иран.

Одлуката, објавена на Twitter и во соопштение на Белата куќа, доаѓа помалку од една седмица по смената на државниот секретар Рекс Тилерсон кого ќе го замени директорот на Централната разузнавачка агенција (CIA), Мајк Помпео.

Промената на најблиските соработници покажува дека претседателот Трамп, кој е на должност 14 месеци, се опкружува со луѓе кои се залагаат со неговите ставови и коишто веројатно ќе водат потврда надворешна политика. Што тоа значи за најавената средба на Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун засега не е познато. Двајцата челници би требало да се сретнат до крајот на мај, а точниот датум и местото уште не се одредени.

Именувањето на Болтон може да го осуди на пропаст и онака загрозен нуклеарен договорот со Иран. Може да доведе и до несогласувања со Трамп околи тоа колку треба да биде остар кон Русија. Трамп се надева дека може да ги поправи односите со рускиот претседател Владимир Путин.

Шеесет и деветгодишниот Болтон е политички аналитичари на телевизиската мрежа Fox кој дури размислуваше и за тоа да се натпреварува за републиканската претседателска номинација во 2016 година. Тој е познат аналитичар во Вашингтон со прилично цврсти ставови за бројни глобални предизвици.

Болтон на 11-ти јануари на Twitter напиша дека истекува времето за запирање на севернокорејската нуклеарна пограма. „Мораме да размислиме за многу непопуларен избор на употреба воена сила за да се оневозможат“, напиша тогаш.

Во времето кога Трамп се закануваше со повлекување од иранската нуклеарна програма, освен доколку Европа не се согласува на неговата измена, Болтон твиташе дека спогодбата „треба да се укине“. Покрај тоа, повика на „ефикасни противмерки во кибернетичката војна којашто ја води Русија“.

Дали Болтон, американскиот амбасадор при Обединетите нации во мандатот на поренешниот претседател Џорџ Буш, ќе биде во состојба да се откаже од своите ставови за темите со коишто аналитичарите се занимаваат откако се најде на радарот на Трамп. Неговото именување не бара потврда во Сенатот.

Самиот Болтон во интервјуто за Fox News изјави дека неговите изјави за разни прашања се „зад него“ и дека ќе биде искрен кон претседателот и ќе му ги изложи сите можни опции. „Важно е она што ќе го каже претседателот и советите коишто ќе му ги давам“, рече Болтон.