Трамп ги обвини Палестинците дека не ги почитуваат САД и се закани со укинување на помошта

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени во четвртокот дека Палестинците „не ги почитуваа “САД и најави укинување на помошта од неколку стотици милиони долари доколку не се согласат да учествуваат во мировните преговори под покровителство на Вашингтон.

„Минатата седмица не покажаа почит кон нас непримајќи го нашиот прекрасен потпретседател“ Мајк Пенс, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по повод срдечната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.

„Им дадовме стотици милиони… и тие пари повеќе нема да ги уплатуваме, доколку не седна и не преговараат“, додаде Трамп.

Палестинските челници, гневни поради одлуката на Трамп да го ефектуира законот од 1995 година за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, одлучија да ја игнорираат посетата на Пенс кој од 20-ти до 23-ти јануари престојуваше во куса турнеја во Египет, Јордан и Израел, при што беше еднострано откажана неговата средба со претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас. Пенс во вторникот се врати во Вашингтон без да се сретне со ниеден палестински претставник.

„Ерусалим беше најтешкиот дел од преговорите. Сега, кога го исфрливме (од преговорите – з.р.), не мораме повеќе за тоа да разговараме. Имаме мировен план. Тоа е одличен предлог за Палестинците (…), ќе видиме што се случува, заклучи Трамп.

Палестинските челници во четвртокот ги одбија притисоците од страна на американскиот претседател за да се вратат на преговарачката маса под покровителство на САД.

„Да се одбие среда со вашиот експлоататор не значи да се изрази непочитување туку значи да се почитува себеси“, изјавила за AFP Анане Ашрауи, висока функционерка на Палестинската ослободителна организација (PLO), реагирајќи на изјавата на Трамп.