Трамп ги повика муслиманите на борба против екстремизмот, го обвини Иран дека го поддржува тероризмот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика во неделата муслиманските земји на решителна борба против „исламистичкиот екстремизам“, истакнувајќи дека борбата против тероризмот е борба меѓу доброто и злото, и го обвини Иран дека го поддржува тероризмот.

Во очекуваниот говор во Ријад пред претставниците на триесетина муслимански земји, американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека носи порака на пријателство, надеж и љубов од американскиот народ го нагласи симболичното значење на патувањето, своето прво претседателско патување во странство коешто го одведе во центарот на сунитскиот муслимански свет.

Во спротивност со неговата реторика во текот на претседателската кампања, Трамп инсистираше на фактот дека не станува збор за борба меѓу религиите.

„Тоа е судир меѓу варварските злосторници коишто сакаат да го уништат човечкиот живото и луѓето од сите вери кои се обидуваат да го заштитат. Тоа е борба меѓу доброто и злото“, изјави Трамп кој на почетокот од својата кампања предлози а потоа и донесе акт да им се оневозможи пристапот на муслиманите во САД.

Американскиот челник, чијашто земја од 2014 година ја предводи меѓународната коалиција против џихадистичката група Исламска група во Сирија и во Ирак, исто така, инсистираше на потребата државите од Блискиот исток и Персискиот залив поактивна улога во антитерористичката борба.

Трамп ги повика муслиманските челници да одговорат на кризата со „исламистичкиот екстремизам“, што е многу поразлично од терминот „радикален исламски тероризам“ со кој досега често се изразуваше, а кој предизвикуваше гнев кај муслиманите.

„Верските поглавари мора многу јасно да кажат…. Доколку го изберете патот на тероризмот, вашиот живот ќе биде празен и кус“, рече Трамп и побара од муслиманските челници да не им даваат засолништа на терористите, да ги протераат од своите заедници и заклучи дека „тоа е избор кој Америка не може да го стори наместо нив“.

Американскиот претседател ги спомена терористичките напади од 11 септември 2001 година, но и сите жртви во Европа, Африка и Азија, и потсети дека не смее да се заборави дека муслиманите претставуваат „95 отсто од жртвите“.

Затоа, пак, остро го критикуваше шиитски Иран, кој е регионален ривал на сунитските сојузници на САД, обвинувајќи го дека го поддржува тероризмот и дека е договорен за нестабилноста на регионот.

Агенциите забележуваат дека Трамп, како и од почетокот на својот мандат, не го критикувал прашањето на кршењето на човековите права пред челниците меѓи кои многумина се критикувани од меѓународните организации.

„Чекајќи иранскиот режим да ја покаже својата желба да стане партнер во мирот, сите држави треба заедно да работат на неговата изолација“, рече Трамп.

Неколку минути пред Трамп, и саудискиот крал Салман го нападна Иран нарекувајќи го „предводник на светскиот тероризам“, иако ваквите квалификации никогаш не се јасно прецизирани на што точно се однесуваат.

По саботата, првиот ден од посетата на Ријад кога беше објавена веста за потпишување на бројни скапи договори коишто се проценуваат на 380 милијарди долари, особено за продажба на американско оружје, и говорот во неделата, Трам во понеделникот наутро патува за Израел, па потоа ќе ги посети палестинските области на Западниот брег, ќе патува во Ватикан, во Брисел ќе учествува на самитот на НАТО и на Сицилија на самитот на најразвиените земји Г7.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.