Трамп ги прифати заклучоците дека Русија се мешала во американските избори, но повторно ги разгневи критичарите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во вторникот дека несреќно се изразил на прес-конференцијата во понеделникот со рускиот претседател Владимир Путин, и истакна дека го прифаќа заклучоците на американските агенции за наводното руско мешање во американските избори, но повтори дека односите меѓу САД и Русија се пододбруваат.

„Ги прифаќам заклучоците на нашите разузнавачки служби според кои Русија се мешала во изборите во 2016-та, можеби имало и други луѓе но немаше дослух. . Тоа мешање, меѓутоа, немало никакво влијание врз резултатите од изборите“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Белата куќа, истакнувајќи дека извонредно ги цени сојузните разузнавачки агенции.

Трамп во понеделникот во Хелсинки каде што се сретна со Путин рече дека не гледа причина да се верува дека Русија се мешала во американските избори во 2016 година, како и дека Путин оа „крајно енергично и силно го негирал“. Притоа Трамп кажа дека за скандалот со наводното руско мешање во американските избори се „виновни двете страни“.

Трамп во понеделникот на новинарите им појасни дека изговорувајќи ја клучната реченици на прес-конференцијата заборавил да го стави „не“, што му дало спротивно значење на она што сакал да го каже.

По ова Трамп се најде изложен на гласни критики поради оваа прес-конференција којашто ги поткопа заклучоците на американските разузнавачки агенции за наводното руско мешање во американскиот изборен систем. Сенатори од Демократската партија, но и од неговата Републиканска партија го критикуваа претседателот за изјавите од фински Хелсинки.

Републиканскиот сенатор Џеф Флејк на Twitter изјавата на Трамп ја нарече „срамна“. „Никогаш не мислев дека ќе го доживеам денот во која американски претседател ќе стои со руски претседател и за руската агресија ќе ги обвини САД. Тоа е срамно“, напиша Флејк. Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, напиша на Twitter дека постапките на Трамп „ги зајакнаа нашите противници и ја ослабеа нашата одбрана и одбраната на нашите сојузници“.

Меѓутоа, на брифингот во Белата куќа, Трамп возврати дека „ја преземал позицијата на сила“ во разговорите со Путин и вети дека ќе биде спречен секој обид за мешање во делумните избори во ноември 2018 година.

„Не како претходната администрација (на демократскиот претседател Барак Обама –з.р.), мојата сегашна администрација ќе продолжи агресивно да дејствува за да се спречи какво и да е мешање, ние ќе спречиме, ќе ги пресечеме секаквите напор за мешање во нашите избори“, истакна Трамп.

Одговарајќи на критиките според кои неговите разговори со Путин биле „срамни“, Трамп одговори дека на средбата со рускиот челник заземал „позиција на сила“. Истакна дека има многу несогласувања меѓу САД и Русија, но оти дијалогот е „важна и добра работа“. Покрај тоа, нагласи, дека ќе продолжи да се среќава со руската страна.

Претходно во вторникот Трамп твиташе дека средбата со Путин била уште поуспешна отколку самитот на НАТО, кој се одржа четири дена претходно во Брисел во атмосфера на неговите повторени критики за премалите вложувања на сојузниците во одбранат наспроти сумите кои ги плаќаат САД за нивната одбрана од Русија, што предизвика нов бран критики.

Трамп потоа пред новинарите изјави дека односите со Русија „значително се подобрија“. „САД никогаш немале толку лоши односи со Русија, но тоа е подобрено, а во иднина може уште да се подобрат“, изјави. Притоа американскиот претседател истакна дека санкциите против Русија ќе останат на сила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.