Трамп го чека новото писмо од Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека очекува ново писмо од севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, за коешто верува дека ќе биде „позитивно“.

„Знам дека едно лично писмо од Ким Џонг-ун пристигнало на границата меѓу Северна и Јужна Кореја“, изјавил американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во претседателскиот авион кои го следеле на патувањето меѓу сојузните држави Моната и Северна Дакота.

Ова писмо и требало да му го предаде државниот секретар Мајк Помпео, рекол американскиот претседател и додал дека тоа е „елегантен начин на комуницирање, вообичаен пред многу години и пред сиве овие нови направии“.

„Верувам дека тоа ќе биде позитивно писмо“, додал Трамп додека трае тешката фаа во пеговорите со Пјонгјанг за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.

Политичките коментатори во САД велат дека се чини оти дошло до намалување на тензиите меѓу двете земји по заладувањето на односите кога Трамп ја одложи посетата на Мајк Помпео во Пјонјанг поради недостиг од напредок во нуклеарното разоружување на Северна Кореја, којашто инаку го сопре ракетните и нуклеарни тестови и во знак на добра волја ја демонтираше инфрастурктурата на полигон за нуклеарни тестирања.

Според член на јужнакорејската делегација којашто претходно седмицава го посети Пјонгјанг, Ким Џонг-ун е решително подготвен за денуклеаризација на Корејскиот полуостров и има намера наскоро да соработува со САД на оваа задача, а целта е тоа да биде кон крајот од првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп.

Притоа, Ким потврдил дека неговата доверба во Трамп е „непроменета“. Оваа изјава ја поздрави американскиот претседател. Инаку двајцата челници веќе разменија неколку писма.