Трамп го обвини CNN за „перфиден“ напад со лажни информации

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно во саботата ги критикуваше националните телевизиски мрежи, обвинувајќи го овојпат конкретно CNN за обид за „перфиден“ напад врз него во репортажа, како и многу претходно изминатите години воопшто на оваа телевизија кои подоцна се покажаа како неточни.

Во својата редовна порција утрински твитови, американскиот претседател Доналд Трамп објави „CNN + лажни вести + вчера направи перфидна и намерна грешка“.

Покрај тоа Трамп на телевизијата ѝ предлага нејзиниот слоган „CNN – најверодостојниот информативен бренд“ да го промени во „CNN – најмалку вистинитиот информативен бренд“, бидејќи „сите знаат тоа се лаги и дека, всишнсот, тоа е измама на американската јавност“, напиша американскиот претседател.

„Фатени се на дел, како и многу изолираниот Брајан Рос од ABC News“, додава Трамп, споменувајќи го еден од водечките истражувачки новинари на оваа телевизија кој е суспендиран поради неточни информации во врска со наводните контакти на изборниот штаб на Доналд Трамп со руски функционери.

Рос објави дека Трамп му наложил на својот подоцна сменет советник за национална безбедност, пензионираниот генерал Мајкл Флин, да контактира со рускиот амбасадор пред претседателските избори во ноември 2016 година, но тие контакти се случиле всушност по изборите а проблематично е што Трамп во тоа време сѐ уште не беше инаугуриран и неговите соработници по законот немале право да контактираат со странски претставници.

Телевизијата CNN, којашто во изборната кампања отворено застана против Трамп и ја поддржуваше неговата противкандидатка од Демократската партија, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, објави во петокот утрото дека актуелниот претседател и неговиот син Доналд Трамп Џуниор наводно примиле електронска порака со електронска адреса и клуч за дешифрирање кој овозможува пристап до документите хакирани на Демократската партија коишто ги објавуваше WikiLeaks, но пред да станат достапни за јавноста.

Меѓутоа, хронологијата во прилогот на телевизијата се покажа неточна. CNN набрзо објави исправка, прецизирајќи дека електронската порака носела датум 14-ти а не 4-ти септември 2016 година, односно ден по објавувањето на документите на интернет страницата на WikiLeaks.

„Следете дали @CNN ќе ги отпушти оние коишто се одговорни за тоа, или тоа е чиста неспособност“, коментираше Трампп.

Тројца новинари на CNN поднесоа во јуни оставки поради грешката во врска со советникот на претседателот Трамп.