Трамп го обвини FBI за вмешаност во досието за наводната сексуална уцена

© AP Photo / Andrew Harnik

Питер Фрич и Томас Катан, вработени во приватната разузнавачка компанија Фјужн, одбија да сведочат во четвтокот пред американскиот Конгрес за нивната вмешаност во изработката на компромитирачно досие коешто поранешната кандидатка за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон, го употреби во минатогодишната изборна кампања против Доналд Трамп.

Документот предизвика една од најголемите контроверзии во претседателската трка, бидејќи во него се обвинуваше дека наводно руски бизнисмени и разузнавачки агенти го компромитирале тогашниот републикански кандидат Доналд Трамп, снимајќи го во наводни перверзни сексуални чинови за време на негов престој во Москва.

Републикански членови на Конгресот ги повика вработените во Фјужн да дадат заклетва и да посведочат кој им платил да го подготват документот, за кој Трамп тврди дека е лажен. Фрич и Катан се повикаа на петтиот амандман, кој им дава право да не сведочат доколку со сведочењето може самите себе да се изложат на кривично гонење.

Републикански претставници тврдат дека Демократската партија на Клинтон платила за да се изработи ова лажно компромитирачко досие. Претседателот Трамп отиде чекор понатаму и ја обвини безбедносната служба ФБИ дека платила за фабрикување на оваа афера против него.

„ Вработените во фирмата која е вмешана во дискредитираното и лажно досие се повикаа на петтиот амандман. Кој им платил? Русија, ФБИ или демократите? Или сите три?, напиша Трамп на својот твитер профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.