Трамп го обвини NYT за осуетување на планот за ликвидација на челникот на ИД

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини весникот The New York Times за осуетување на напорите на американската војска за ликвидирање на челникот на џихадистичката групација Исламска држава (ИД), познат по псевдонимот Абу Бакр ал-Багдади.

„ New York Times го осуети обидот на САД да го убијат еден од најбараните терористи. Нивниот нечесен дневен ред е поважен од националната безбедност“, напиша американскиот претседател на Twitter.

Трамп притоа не појаснува на што точно е однесува оваа изјава. Подоцна весникот ја коментираше изјавата, претпоставувајќи дека твитот на претседателот можеби бил реакција на репортажата на телевизијата Fox News емитувана кусо пред постот.

Во репортажата имено началникот на командата за специјални операции на американската војска, генералот Рејмонд Томас, изјави дека американските Вооружени сили „се доближиле ногу блуски“ до Абу Бакр ал-Багдади по ликвидацијата на „министерот за нафта“ на Исламската држава Абу Сајаф во 2015 година. Сепак, според генералот Томас, поради протекување на информации преку медиумите не успеала ликвидацијата на челникот на џихадистите. Како што се истакнува во прилогот на телевизијата, станува збор за материјал на The New York Times во кој се опишува како САД можеле да дојдат до важни информации за групација.

Откако ирачкото разузнавање минатата недала ги негираше медиумските информации кои се повикуваа на џихадистичка објава дека челникот на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава е мртов, во понеделникот и висок курдски извор на разузнавањето изјави дека 99 отсто е сигурен дека Абу Бакр ал-Багдади е жив и дека е лоциран јужно од сирискиот град Рака.

САД немаат докази дека челникот на Исламската држава, Абу Бакр ал-Багдади е убиен како што објави телевизијата Al Arabiya и сириската опозициска невладина организација Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон, изјави минатиот петок американскиот министер за одбрана Џим Матис.

Руското министерство за одбрана пред две седмици изјави дека ги проверува информациите според кои ал-Багдади загинал меѓу 300-те џихадисти убиени во бомбардирање на руската авијација во Сирија кој крајот на мај.

Смртта на челникот на Исламската држава минатиот вторник ја објави SOHR, ден откако Ирак прогласи победа над џихадистичката групација во Мосул. Директорот на Опсерваторијата, Рахман Адбедлрахман изјави дека „високи функционери на Исламската држава присутни во сириската покраина Деир-ез-Зор ја потврдиле за SOHR, смртта на ал-Багдади, емирот на Исламската држава“.

На 11 јули телевизијата Al Arabia пренесе дека борците на Исламска држава го потврдија загинувањето на својот челник, повикувајќи се на локални извори во ирачката покраина Нанива. Според соговорник на телевизијата, борците на Исламската држава објавиле кусо соопштение во кое соопштиле за смртта на својот водач Аби Бакр ал-Багдади, како и тоа дека многу скоро ќе го објават името на „новиот калиф“.

На 2 јули телевизијата Al Sumaria, повикувајќи се на извори од властите на ирачката покраина Нинева објави дека милитантите на Исламската држава во Ирак се справиле со имамот кој во текот на молитвата спомнал за наводната смрт на ал-Багдади. Група џихадисти кои се доселиле во местото Тал-Афар, западно од градот Мосул, ги убила имамот Абу Катиб, кој бил во потесното опкружување на челникот на Исламската држава, обвинувајќи го дека „шири забуна“ меѓу приврзаниците на ал-Багдади.

Ал-Багдади, чиешто вистинско име е Ибрахим Авад Обрахим ал-Бадри е Ирачанец и според некои информации поранешен заточеник во злогласниот американски затвор Гвантанамо, од каде е ослободен и вратен спротивно на правилата во земјата од која потекнува. Првпат во јавноста се појави во јули 2014 година кога од познатата средновековна џамија ал-Нури во Мосул, урната од Исламската држава кон крајот на јуни кога се беше извесно дека џихадистите ќе го загубат градот, го објави создавањето на „исламскиот калифат“ на Блискиот исток. Од тогаш одвреме-навреме се појавуваа информации за негово наводно ликвидирање, а самиот тој речиси и не се појавуваше во јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.