Трамп го откажа самитот со Ким

Американскиот претседател Диналд Трамоп го откажа во четвртокот самитот со севернокорејскиот челник Ким Џонг-ун, кој беше планиран за 12-ти јуни во Сингапур.

Во писмото коешто го објави Белата куќа, Трамп на Ким му порачува дека „за жал“ ја откажува историската средба на врвот меѓу челниците на САД и на Северна Кореја.

„Поради огромниот гнев и отвореното непријателство коешто го покажавте во своите последни изјави, мислам дека не е погодно, во овој момент, да се одржи овој долго планиран состанок“, се наведува во писмото на американскиот претседател.

„Зборувате за своите нуклеарни капацитети, но нашите се толку големи и моќни што му се молам на Господ никогаш да не треба да ги употребиме“, наведува Трамп во писмото упатено во Ким со извесна доза на закана.

Истовремено американскиот челник изразува убедување дека уште има потенцијална подготвеност за идни преговори.

„Со нетрпение очекувам да се сретнам со Вас еднаш (во иднина) … Доколку го измените вашето мислење во врска со важниот самит, молам, пишете или јавете му се“, додава Трамп.

„Светската заедница, а особено Северна Кореја, припушти одлична можност за обезбеди траен мир, како и просперитет и богатство (за Пјонгјанг). Оваа испуштена можност е тажен момент во историјата“, заклучува претседателот на САД.

Трамп натаму откажувањето на самитот го нарекува „пропуштена прилика“ и додаде дека се надева оти еден ден ќе се сретне со Ким.

Претходно во четвртокот Северна Кореја повторно се закани дека ќе се повлече од планирањето на самитот следниот месец и предупреди дека е подготвена за нуклеарно соочување со САД доколку тоа биде потребно.

Во изјавата којашто ја пренесоа севернокорејските државни медиуми, заменикот министер за надворешни работи Чое Сон-хуи го нарече потпретседателот на САД, Мајк Пенс, „политички неписмен“ поради споредувањето на Северна Кореја „држава којашто има нуклеарно оружје“ со Либија во којашто тогашниот челник Моемер ел-Гадафи ја прекина нуклеарната програма во договор со западните сили за потоа да биде соборен и егзекутиран од бунтовниците коишто ги поддржуваше токму Западот.

Десетици новинари од Кина, Русија, САД, Велика Британија и Јужна Кореја, коишто добија дозволи од Северна Кореја, претходно во четвртокот беа сведоци на урнувањето на тунелот на полигонот за нуклеарни тестови ви Панџери, што се толкува како доказ дека Пјонгјанг е доследен во својата обврска за завршување на нуклеарните тестирања.

Разорувањето на локацијата за којашто Северна Кореја тврди дека е единствената постројка за нуклеарно тестирање со коешто располага, е дочекано со раширени поздрави, со оцена дека станува збор за позитивен иако во прв ред симболичен чекор кон намалувањето на тензиите поврзани со нејзиното вооружување. Ким претходно објави дека развојот на севернокорејските нуклеарни и балистички програми е завршен, а се појавија нагаѓања во западните медиуми дека постројката за којашто станува збор и така веќе не била потребна.

Се верува дека Северна Кореја поседува повеќе од 12 нуклеарни боеви глави, повеќе од 50 килограми плутониум за атомско оружје и неколку стотици килограми високо збогатен ураниум.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.