Трамп го поддржува Орбан во потребата за поцврсти национални граници

Американскиот претседател Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан разговарале во саботата телефонски согласувајќи се за потребата од поцврсти национални граници, соопшти Белата куќа.

Според соопштението, американскиот претседател Доналд Трамп му го честитал на премиерот Виктор Орбан формирањето на новата влада на Унгарија којашто ја презема должноста на 8-ми јуни. Конзервативниот унгарски премиер, кој е жесток противник на имиграциските приливи од Африка, Блискиот исток и Азија и остар критичар на политиките во оваа сфера што ги спроведува Европската унија, во април го освои третиот последователен или вкупно четврти мандат.

Трамп и Орбан ветиле дека ќе ги одржат силни американско-унгарските односи, соопшти Белата куќа.

Трамп и Орбан разговарале и за новиот американски амбасадор во Будимпешта кој следната седмица ќе ја преземе должноста, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто за агенцијата MTI.

„Како што кажа Трамп, новиот амбасадор Дејвид Корнптајн е голем човек, чиешто доаѓање претставува можност за натамошно подобрување на билатералите односи“, изјавил шефот на унгарската дипломатија.

и челници, додал Сијарто, разговарале и за „важноста од заштитата на границите и се согласиле дека „земја којашто не може да ги одбрани своите граници повеќе не може да се нарече земја“. Додал дека Трамп го охрабрил Орбан да ја брани јужната граница на земјата, на што Оран одговорил дека е посветен на прододлжување на миграциските политики и заштитата на границите на Унгарија.

Германската новинска агенција DPA коментира дека ова е уште еден пример како Трамп настојува да го одржи блиските односи со владите во Европа, особено во ЕУ, кои се остри по прашањето на илегалната имиграција. Се потсетува дека Трамп неодамна го пофали новиот италијански премиер Џузепе Конте, кој ја предводи владата составена од антиестаблишмент и евроскептично движење и крајната десница, којашто има тврд став кон миграциските прашања.

Жестокото противење на Орбан на доселувањата во Европа во текот на незапаметениот мигрантски бран последните години, доведе до судир на Будимпешта со Брисел и некои од западните земји на Европската унија, во коишто подоцна напредуваа политичките структури кои се противат на неконтролираната мигарција на европскиот континент.

Всушност станува збор за длабока поделба на ЕУ по управувањето со кризата со имигрантите, а земјите како Германија, Франција и Холандија ја поддржуваат идејата за нивна релокација од главните влезни точки Италија и Германија, додека земјите од Централна Европа, како Полска, Чешка, Словачка и Унгарија се против таквите политики.

Мината седмица Орбан го опиша мигрантскиот бран кој ја заплисна Европа како заговор за зголемување на својот профит особено на американскиот берзански шпекулант од еврејско-унгарско потекло Џорџ Сорос кој самиот јавно преку медиумите предложи ЕУ и другите европски земји да земат кредити за згрижување на имигрантите, а оти неговите организации ќе вложат во нивната едукацијата и вработувања во земјите во кои се доселиле.