Трамп го помилува контроверзниот 85-годишен шериф на Аризона

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилуваше во петокот вечерта контроверзниот 85-годишен шериф на сојузната држава Аризона, Џо Арпајо, кој е осуден бидејќи бил претерано ревносен во прогонувањето на илегалните имигранти, забележувајќи дека се раководел од расна основа.

„Денеска претседателот Доналд Трамп го одобри помилувањето на Џо Арпајо, поранешен шериф на округот Марикопа во сојузната држава Аризона. Шерифот Џо Арпајо сега има 85 години и по повеќе од 50 години одлична служба на нашата земја заслужува прошка од претседателот“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Станува збор за првото претседателски помилување од страна на администрацијата на Трамп. Самопрогласениот „најопасен шериф во Америка“ стана познат откако беше осудуван поради наводен нелегален прогон на имигрантите и истрагата на, како што подоцна се покажа, неоснованите тврдења на Трамп со коишто пред десетина години беше доведено во сомневање американското државјанство на претходниот претседател Барак Обама, првиот афроамериканец шеф во Белата куќа.

Претседателот Трамп поранешниот шериф го нарече „патриот“ на Twitter каде напиша „Ја штитеше Аризона!“.

Арпајо, исто така, преку омилената социјалната мрежа на претседателот му се заблагодари. „Почествуван сум и неверојатно благодарен на претседателот Трамп. Сакам што поскоро да го остава ова поглавје зад себе и да помогнам во #MAGA (Trumpov slogan: Make America Great Again)“.