Трамп го потпиша договорот за буџетот откако претходно се закани со вето

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потпиша во петокот законот за финансирање на државата со што ја заврши неизвесноста која ја побуди заканувајќи се неколку часа претходно дека тоа нема да го стори, поради што се стравуваше од можна блокада на сојузната влада.

Трамп објави дека ги потпиша законот за 1.300 милијарди долари за финансирање на сојузната влада до крајот на тековната фискална година која завршува на 30-ти септември, бидејќи зголемувањето од 60 милијарди долари за трошоците на одбраната го убедило дека тоа треба да го стори.

Малку претходно во петокот американскиот претседател се закани дека ќе стави вето на законот кој Конгресот го прифати во текот на ноќта, затоа што сумата од 1.300 милијарди долари не вклучува компромис за имиграцијата и градењето на граничниот ѕид кон Мексико.

„Меѓутоа, му кажав на Конгресот дека никогаш нема да потпишам уште еден таков закон. Има многу работи поради коишто не сум среќен со овој закон“, рече Трамп покажувајќи на повеќе од 2.000 страници од законот и им повторни на новинарите „Нема тоа повторно да го сторам“.

Засега не е познато колку сериозно неговите закани ги примиле челниците на републиканците во Конгресот, бидејќи јавно ги коментираа ниту Пол Рајан, претседателот на Претставничкиот дом, ниту Мич Мекконел, претседател на Сенатот.

Трамп на Twitter најави дека размислува за вето поради програмата DACA и непотполното финансирање на граничниот ѕид кон Мексико.

Постапката за одложување на депортацијата за имигрантие кои во земјата влегле како деца (DACA – Deferred Action for Childhood Arrivals), програма од времето на администрацијата на претходниот претседател Барак Обама од Демократската партија. Со неа речиси 800.000 таканаречени „сонувачи“ беа заштитени од депортирање и им се гарантираа работни дозволи, коишто ги укина во септември републиканецот Доналд Трамп. Тој закон со седмици го договараа републиканското мнозинство и демократската опозиција во Конгресот, а секоја страна мораше да попушти во повеќето свои барања.

Трамп, републиканците и демократите долго се обидуваа да пронајдат компромис за озаконување на статусот на овие стотици лица, во замена за реформи во имиграцијата и финансирање на градењето на високиот бетонски ѕид кој претседателот го вети во предизборната кампања. Договорот не беше можно да се постигне и претседателот доби само 1,6 милијарди за градење на ѕидот, далеку помалку од 25 милијарди кои ги бараше.