Трамп го потпиша меморандумот за царините на кинеските стоки

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша во четвртокот претседателскиот меморандум кој овозможува воведување царини до 60 милијарди долари на увозот на кинески стоки, но неговиот потег е многу поблаг од заканите коишто можеа да предизвикаат глобална трговска војна.

Според условите од указот, ќе бидат воведени царини дури по консултацискиот производ, мерки коишто на индустриските лобисти и на законодавците им даваат време да ја ублажат предложената на којашто се 1.300 производи. И Кина ќе има време да одговори на потегот на американскиот претседател, што го намалува ризикот од драматични одмазднички мерки на Пекинг.

„Разговаравме со Кина и се наоѓаме на средината од преговорите“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп додавајќи дека губењето на работните места во САД беше една од главните причини за неговиот избор за претседател во 2016 година.

Вашингтон, исто така, ќе бара мерки против Кина поради кршењето на законот за интелектуална сопственост преку Светската трговска организација (СТО – WTO), организација којашто повеќепати ги предизвика гневот на американската администрација, но којашто може да понуди решенија со коишто би се избегнала трговска војна.

По објавата на Трамп, бирото на трговскиот претставник ќе ја претстави листата на производи коишто би се царинеле, главно од високотехнолошкиот сектор. Потоа ќе следи консултацискиот период од 60 дена, пред царините дефинитивно да бидат воведени.

Две лица кои за ова прашање разговарале со администрацијата на Трамп неодaмна изјавија за Reuters дека царините би биле главно насочени на информатичката технологија, потрошувачката електроника и телекомуникациите.

Цел на Вашингтон се кинеските компании со висока технологија, за да бидат казнети за кинеската инвестициска политика којашто ги принудува американските компании да се откажат од своите технолошки тајни во замена за дозвола да работат во Кина, заедно со другите обвинувања за кражба на интелектуална сопственост.

Кина има 365 милијарди долари трговски суфицит со САД, а намалување на таквиот неповолен однос е една од главните цели на Доналд Трамп кој уште во претседателската кампања застапуваше протекционистичка политика. Неговата прва акција по стапувањето на должноста беше повлекувањето на САД од трговскиот пакт познат како Транспацифичкото партнерство.

Царините на увозот на челикот и алуминиумот, коишто Трамп ги воведе минатата седмица, релативно се неважни во однос на вкупниот увоз и извоз, но директното царинско „гаѓање“ на Кина би можело да предизвика остар одговор на Пекинг, предупредуваат аналитичарите.