Трамп го прозва Обама во врска со наводното руско хакирање

© AP Photo / Susan Walsh

Републиканскиот американски претседател Доналд Трамп изајви дека е изненаден од својот демократски претходно Барак Обама поради начинот на кој постапувал со разузнавачките податоци добиени од Централната разузнавачка агенција (CIA) за наводното руско мешање во американските претседателски избори ланскиот ноември, односно дека не сторил ништо.

„Штотуку дознав, првпат, дека Обама знаел за (вмешувањето на) Русија долго време пред изборите и ништи не сторил. Но никој не сака да зборува за тоа“, изјавил Трамп во интервјуто за телевизијата Fox News во емисијата „ Fox and Friends Weekend“ коешто ќе биде емитувано подоцна во неделата, а од кое делови објави изданието The Hill.

„CIA нему (на Обама) му дала информации за Русија многу пред изборите. А јас одвај ги видов. Поразително. Со други зборови, прашањето е зошто, доколку ја знаел таа информација, ништо не преземал? Бил должен да направи нешто со неа. Сето тоа е прилично тажно“, прашува актуелниот американски претседател.

Весникот The Washington Post објави дека Обама од CIA примил телеграма од најголема доверливост во којашто детално биле наведени наводни инструкции од рускиот претседател Владимир Путин до руските оперативци да ја поразат или да ѝ наштетат на демократската кандидатка Хилари Клинтон и да помогнат да биде избран Трамп за претседател на САД.

Во извештајот се наведува дека со месеци било разгледувано како да се одговори на ваквите наводни руски потези, вклучително и плановите да се постават кибернетички оружја внатре во руската инфраструктура коишто би можеле да бидат користени доколку дојде до ескалација.

Обама, на крајот, наметна нови санкции за руски државни институции, вклучително и разузнавачките агенции, како и за поединци, и протера триесетина руски дипломати од САД ланскиот декември пред да отстапи од должноста.

„Имајќи предвид дека администрацијата на Обама пред изборите во 2016-та година зборуваше за руско мешање, зошто не дејствувале? На нив треба да се насочи“, напиша Трамп на Twitter.

Сегашниот американски претседател на социјалната мрежа го постави истото прашање: „Меѓутоа, доколку Русија толку упорно се трудела во текот на изборите во 2016 година, кога администрацијата на Трамп беше на власт, зошто тие не ја запреле?“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.