недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Трамп: Хилари Клинтон е ментално нестабила и растроена

tramp

Последни вести

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД Доналд Трамп на синоќешниот предизборен митинг изјави дека неговата противкандидатка од редовите на Демократската партија Хилари Клинтон е ментално нестабилна, коментирајќи го нејзиното признание дека доживеала „краток спој“ во аферата со приватните меилови.

– Луѓето во оваа земја не сакаат некого кој ќе доживува кратки спојови, изјави Трамп пред приврзаниците во Њу Хемпшир, опишувајќи ја поранешната државна секретарка како „опасен лажго и целосно растроена неурамнотежена личност“, пренесува МИА.

За време на собирот, проврзаниците на Трамп извикуваа „Заклучете ја!“.

Клинтон во петокот призна дека „можеби доживеала краток спој“ кога се обидела да пружи објаснување во врска со употребата на својот приватен сервер за праќање државни меилови.

Најчитани вести