Трамп и се закани на Венецуела со воведување на брзи економски санкции

Претседателот на САД Доналд Трамп упати закани до Венецуела дека ќе и воведе брзи и силни економски санкции, доколку нејзиниот претседател Николас Мадуро ја исполни намерата да свика основачко собрание со цел да се промени Уставот.

– Венецуелскиот народ вчера одново покажа дека сака демократија, слобода и владеење на правото. Сепак храбрите дејствија на Венецуелците продолжуваат да бидат игнорирани од лошиот лидер кој сонува да стане диктатор, се наведува во декларацијата на Трамп.

– САД повторно повикуваат да бидат спроведени слободни и фер избори и застануваат на страната на венецуелскиот народ, кој сака да ја врати земјата кон демократијата и напредок. Доколку режимот на Мадуро наложи основачко собрание на 30 јули, САД ќе подготват силни и брзи економски дејствија, гласи декларацијата на американскиот претседател.

Подоцна, Стејт департментот на САД ги повика владите од сите земји во светот да ја убедат Владата на Венецуела да се откаже за проектот за основачко собрание.

Венецуелската опозиција синоќа ја почна „финалната офанзива“ со цел да го попречи проектот за промена на уставот и упати повик за заеднички 24-часовен штрајк во четврток.

Податоците на венецуелската опозиција, покажуваат дека 7,6 милиони Венецуелци гласале во недела на референдумот, што беше организиран без согласност од властите, а 98,3 отсто го отфрлиле претседателскиот проект.

Проектото на Мадуро се состои од 545 членови, кои треба да бидат изгласани на 30 јули.

Основачкото собрание треба да воспостави мир и економска стабилност во Венецуела.

Но, опозицијата смета дека на тој начин че биде заобиколено венецуелското Национално собрание, каде таа има мнозинство од 2016 година.

Венецуелскиот претседател изјави дека референдумот е „внатрешно гласање“ на опозицијата и дека нема легитимна и задолжителна сила, бидејќи бил свикан без учество на Националниот изборен совет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.