Трамп ја освои номинацијата од Републиканците

Американскиот милијардер Доналд Трамп освои доволен број делегати на Републиканската национална конвенција за да биде избран за кандидат на републиканците на претседателските избори во САД во ноември оваа година, објавија денеска американските медиуми, пренесе МИА.

Според пресметките што ги направила агенцијата АП, Трамп по завчерашната победа во државата Вашингтон веќе обезбедил 1.238 делегати за Конвенцијата или еден повеќе од неопходните 1.237 за да биде избран за претседателски кандидат.

Во следниот период треба да се одржат прелиминарни избори за уште 303 делгати, кои со сигурност ќе ги освои Трамп бидејќи тој остана единствен кандидат за републиканската претседателска номинација, откако неговите противкандидати се повлекоа од изборната трка.

Со ова останува Трамп уште официјално да биде прогласен за претседателски кандидат на Републиканската партија на Конвенцијата што ќе се одржи во јули во Кливленд.